Connect with us

Фудбал

Баерн губеше, а потоа со пресврт славеше победа

И по третото коло во Бундеслигата, Баерн го задржа максималниот учинок. Баварците славеа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 2:1.

Актуелниот шампион се намачи и потешко од очекувањата оствари важна победа.

Домашните поведоа во 30. минута со голот на Итакуре и со тие 1:0 се замина на пауза. Во продолжение Баерн се разбуди и направи пресврт со два гола. Најпрвин во 58. минута израмни Сане по асистенција на Кимих, а потоа Матијс де Лигт му донесе победа на Баерн во 87. минута по додавањето на Хари Кејн.