Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен доби „корпа“ и од Алегри, Италијанецот сака во Манчестер Јунајтед

Поранешниот тренер на италијанскиот хегемон Јувентус – Макс Алегри, одби да го преземе Баерн Минхен.

На „Алијанц Арена“ бараат нов ментор по разделбата со Нико Ковач, но досега задачата се покажа како доста тешка. По Ерик Тен Хаг (Ајакс), Томас Тухел (ПСЖ) и Јуп Хејнкес, „корпа“ добија и од Алегри. Причината за ова е што Алегри се надева дека ќе го заземе местото на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед.

Па така фаворит за нови тренер на Баерн останува Арсен Венгер. Доколку се случи назначувањето, договорот на Французинот ќе биде до крајот на сезоната. Самиот Венгер веќе отворено изјави дека е заинтересиран да ги преземе Баварците.