Connect with us

Фудбал

Баерн убедлив во Мајнц, Кансело со асистенција на дебито

Баерн Минхен убедливо се пласираше во четвртфиналето на Купот на Германија, откако како гостин го совлада Мајнц со 4:0.

Веднаш Жоао Кансело можеше сам да се увери што значи германска ефикасност. Неполни 24 часа по потпишувањето на договорот, Португалецот се најде во стартниот состав на германскиот гигант.

И очигледно му се допадна промената. Веќе по 17 минути покажа што и носи на баварската машинерија. Тој успешно го проигра Ерик Максим Чупо-Мотинг за водечкиот гол. Беше 2:0 кога Џамал ​​Мусијала, во 30. минута му асистираше на искусниот мајстор Томас Милер.

До полувремето беше 3:0. Овој пат асистент беше Чупо-Мотинг, а стрелец во 44. минута беше Лиро Сана. Уште еден играч кој беше многу задоволен што го замени Етихад со минхенската Алијанц Арена. Само уште еден гол во вториот дел. Човекот кој го замени Кансело Алфонсо Дејвис во 83. минута ги постави конечните 4:0 за убедлив премин во најдобрите осум.