Connect with us

Фудбал

Балотели му дели совети на Милан

Синоќа Интер славеше над Милан во големото градско дерби, а во главна улога беше Мауро Икради кој постигна хет-трик.
И покрај сите засилувања кои ги донесе, по осум кола Милан има десет бода помалку од Интер. Па, Балотели на социјалните мрежи се јави со совет за росонерите.
„Честитки за ова момче, беше навистина добар. Тој е вистински бомбардер. Можеби Милан ќе се разбуди и ќе го купи“, напиша Марио Балотели на инста стори.