Connect with us

Фудбал

Балотели „нападнат“ од своите навивачи: Неговата ароганција е неоправдана

Фудбалерот на Бреша, Марио Балотели е наречен „арогантен“ од ултрасите на клубот. Напаѓачот ја шутна топката во публиката и се закани дека ќе го напушти теренот, откако беше навредуван на расистичка основа од навивачите на Верона минатиот викенд.

-Нема сомнение дека Балотели е Италијанец – дури и „Брешано“, се вели во изјавата на ултрасот на Бреша, а пренесуваат италијанските медиуми.

Сепак, пораката на ултрасите на Бреша е дека неговата ароганцијата, која постојано ја покажува е сосема неоправдана.

Поради расистичките испади на мечот со Бреша, Верона е казнета со делумно затворање на стадионот на еден натпревар.