Connect with us

Фудбал

Балотели не се менува, сакал да се тепа со соиграч, тренерот го избркал од тренингот

Марио Балотели плачеше кога постигна договор со Бреша и како слободен играч во летниот преоден рок потпиша за овој клуб. Сепак, неколку месеци подоцна, тој повторно предизвикува скандали, по што е познат од порано.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, популарниот „Супер Марио“ бил избркан од тренерот Гросо на попладневниот тренинг со зборовите „Марио оди си, Марио оди си“.

Причината е обидот за физичка пресметка со еден од соиграчите, а што му претходело на тоа, засега не е познато.