Connect with us

Фудбал

Балотели во Црвена Звезда? Еве што вели фудблерот

Масимо Челино, прв човек на Бреша, изјави дека Балотели во јануари би можел да замине. Од друга страна српските медиуми веднаш објавија дека напаѓачот се сели во Црвена Звезда, благодарејќи на добрите односи кои ги има со новиот тренер, легендарниот Дејан Станковиќ.

Сепак, Марио Балотели не планира да замине од Серие А, што значи дека нема ништо од најавите дека доаѓа во Белград.

–Сакам да останам во Бреша се додека претседателот не одлучи да си одам. Имам намера да останам, јас сум дома. Ми треба година која ќе биде малку посмирена, изјави Балотели.