Connect with us

Фудбал

Барди: Да покажеме дека резултатот со Грузија не е одраз на нашата вистинска сила

Капитенот Енис Барди на официјалната прес конференција во пресрет на утрешниот меч со Бугарија во Лигата на нации порача дека очекува победа и три бода.

По поразот во Грузија со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент. Ние имаме доста нови играчи, потребно е време да се запознаеме со дел од тимот. Како што гледам, сите даваат голови за клубовите, а тука или не ни оди или не нè сака топката. Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време на младите да се адаптираат. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи, вели капитенот Енис Барди.

Мечот се игра утре вечер со почеток во 20:45 часот во Скопје.