Connect with us

Фудбал

Барди пред дуелот со Фарски Острови: Не треба да бараме алиби!

„Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

Ова го изјави капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди на официјалната прес конференција во пресрет на утрешниот дуел со Фарски Острови во Торшавн.

Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме, вели капитенот Енис Барди.

Мечот се игра со почеток во 15 часот.