Connect with us

Фудбал

Барса – Интер интересни факти кои треба да ги знаете

Во пресрет на вечерашниот дуел помеѓу Барселона и Интер на „Камп Ноу“, еве неколку интересни факти за двата тима.

*Барселона загубила само еднаш од Интер (3:1 во Милано во 2010) на последните девет меѓусебни пресметки.

*Интер загубил пет од шесте гостувања на „Камп Ноу“, а последен пат славеше во 1970 година со 2:1 со головите на Роберто Бонинсења и Марио Бети.

*Барселона победила на 29 од последните 32 меча во Лигата на шампионите одиграни на „Камп Ноу“. Последниот пораз датира од 2013 година кога Баерн Минхен славеше со 0:3.

*Интер е поразен на последните две гостувања во Лигата на шампионите, од Тотенхем и од Барселона. Но, сепак историјата вели дека овој тим никогаш не загубил три пати по ред на гостински терен во ЛШ.