Connect with us

Фудбал

Барселона бара 700 милиони, се заканува со тужба, Сити нуди 210 милиони

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси му соопштил на раководството на тимот дека сака да замине. Но, одговорните луѓе, на чело со Бартомеу, не го пуштаат да замине како слободен играч и да го раскине договорот, туку бара 700 милиони евра обесштетување и најавуваат тужба.

Каталонците се на став дека Меси нема правна основа за своето барање за раскинувањена договорот, бидејќи за такво нешто имало рок до 30-ти мај. Од друга страна тимот на Меси смета дека тоа може да го стори една недела по завршувањето на учеството во Лигата на шампионите, секако поради продолжението на сезоната поради прекинот од коронавирусот.

Но, други шпански медиуми тврдат дека Барселона и Манчестер Сити наводно воделе тајни преговори, па стигнале до понуда од англискиот тим од 130 милиони евра обесштетување, плус дополнителни бонуси од 50 и 20 милиони евра, што вкупно изнесува 210 милиони евра. Истите медиуми тврдат дека Меси и Гвардиола се договориле за потпишување на тригодишен договор.

Новата сезона наскоро почнува во сите првенства, па наскоро би можеле да бидеме сведоци на еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.