Connect with us

Фудбал

„Барселона би сакала да испрати понуда за Мемфис, но тие не можат“

Во последно време се зборуваше многу за Мемфис Депај да стане новиот фудбалер на Барселона.

Веднаш беа јасни од Лион и рекоа дека нема да го попречуваат доколку дојде соодветна понуда на нивната адреса.

Сепак, денес, француските новинари ја објавија изјавата на претседателот на Лион Жан-Мишел Аулас.

“Разговарав со претседателот на Барселона. Тој ми рече дека би сакале да испратат понуда за Мемфис, но дека немаат доволно пари. Кризата предизвикана од коронавирусот им остави големи последици и мислам дека тој нема да тргува со нас во овој преоден рок”, рече Аулас. .

Останува да се види дали Барселона ќе успее да најде некаков начин да го донесе овој фудбалер во своите редови или тој ќе остане во Лион.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com