Connect with us

Фудбал

Барселона до вчера сакаше да се ослободи од напаѓачот, но сега друга приказна, му нудат нов договор?!

Осман Дембеле во Барселона пристигна како еден вид на замена за Нејмар кој беше продаден на ПСЖ за 222 милиони. Сепак, по доаѓањето од Борусија Дортмунд, Дембеле никогаш не блесна во вистински сјај, а една од причините се честите повреди.

До пред извесно време информациите од Каталонија беа дека Барселона сака да се ослободи од играчот кој е платен 105 милиони евра, но сега приказната е сосема поинаква.

„ЕСПН“ од добро упатени извори тврди дека Барселона му понудила нов договор на Дембеле, а актуелниот му истекува во летото 2022 година.

Манчестер Јунајтед сериозно е заинтересиран за Дембеле, па дали Барселона ова го прави да му ја крене цената, или пак навистина сакаат да го задржат останува да се види. Дембеле одигра 85 настапи за нешто повеќе од 3 години во Барса.