Connect with us

Фудбал

Барселона добива финансиска инекција од 1,4 милијарди евра

Барселона го реши проблемот со техничкиот спонзор. Каталонскиот клуб потпиша нов договор со Најк и ќе го носи неговиот дрес во следните 10 години, објави Марка.

Конечниот договор треба да се постигне овој месец кога ќе се финализираат финалните финансиски детали. Сепак, познато е дека во овој период Најк треба да и плати на Барселона 1,4 милијарди евра.

Клубот веднаш по потпишувањето на договорот ќе добие бонус од 150 милиони евра, а секоја сезона на сметката ќе се додаваат по 125 милиони евра.

Оваа финансиска инјекција ќе биде од голема корист за каталонскиот гигант, кој со години има проблеми со долговите.

Планот на претседателот Жоан Лапорта е да ги отстрани проблемите со наследството во следните две години и да започне со обнова на тимот кој ќе биде кандидат за Лигата на шампионите.