Connect with us

Фудбал

Барселона донесе одлука, овие тројца играчи ќе бидат продадени

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона веќе одредила од кои играчи ќе собере пари за летниот преоден рок. Се работи за играчите за врска Артуро Видал и Иван Ракитиќ и за дефанзивецот Нелсон Самедо.

Видал и Ракитиќ се предмет на интерес на многу клубови, но барем во текот на зимскиот преоден рок Барселона ќе ги задржи, па ќе ги продаде по завршувањето на сезоната.

Што се однесува до Самедо, речиси секој преоден рок се спомнува дека би можел да замине, но упорно останува. Сепак, се чини дека му остануваат уште шест месеци на „Камп Ноу“.