Connect with us

Фудбал

Барселона е подготвена за шокантен трансфер во 2024 година.

Барселона веќе некое време има финансиски проблеми, а сето тоа во комбинација со строгите правила на Ла Лига, значи дека Каталонците се прилично мирни на пазарот кога е во прашање купувањето играчи.

Имено, Барса постојано бара играчи кои ќе може да ги доведе без обештетување, играчи на кои им истекуваат договорите, па клубот веќе размислува за преселби во 2024 година.

Според „Спорт“, актуелниот шпански шампион би можел да направи изненадувачки трансфер во кој ќе биде вклучен нигерискиот интернационалец Вилфред Ндиди.

Ндиди е во сопственост на Лестер и му истекува договорот следното лето, ситуација која Барса сака да ја искористи и да го ангажира.

Ндиди има 26 години и го покрива средниот ред, поточно е последниот играч за врска, позиција која е проблематична за клубот од Ла Лига по заминувањето на Серхио Бускетс.