Фудбал
Барселона е во големи финансиски проблеми
Според шпанските медиуми, Барселона е во големи финансиски проблеми.
Освен што се потресени од „војната“ со Лионел Меси, челниците на Барселона се борат и со финансиите, а наводно поради тоа, тие исто така побарале од играчите да им ги намалат платите.
Барселона ја заврши финансиската година со загуба од 97 милиони евра, а клубот стравува дека ситуацијата може да се влоши во новиот извештаен период.
За да се спречи ова, челниците на Барселона бараат од играчите да ги намалат платите, но се уште, сето ова добро се крие.
На крај, да додадеме дека на три натпревари во Примера, Барселона освои седум бода. Таа ги победи Виљареал и Селта, додека ремизираше со Севилја и во моментов е на 5. место на табелата.