Фудбал
Барселона го донесе бразилското чудо од дете. Отштетната клаузулата ќе биде една милијарда евра
Фабрицио Романо пренесува дека Барселона го донесе 18-годишното чудо од дете од Бразил. Станува збор за Витор Роке, напаѓачот на Атлетико Паранаенсе. Отштетата не е потврдена, но повеќе извори јавуваат дека Бразилците треба да добијат околу 35 милиони евра и уште 10 милиони евра бонуси.
Роке наскоро ќе потпише шестгодишен договор со Барселона, а каталонскиот гигант во неговиот договор ќе вклучи клаузула за обештетување од дури една милијарда долари. Романо известува дека треба да остане на позајмица во Бразил до јануари 2024 година. Во кариерата настапуваше и за Крузеиро, а оваа сезона на 29 натпревари постигна 15 гола.
Овој трансфер се најавуваше практично уште од зимскиот преоден рок, но финансиската состојба во „блауграната“ беше страшна и шпанските медиуми пишуваа дека Барселона нема пари да го плати обештетувањето и дека допрва треба да ја среди ситуацијата со договорите за да можат да го регистрираат Роке.