Connect with us

Фудбал

Барселона го победи Манчестер сити (ВИДЕО)

Во контролен натпревар на два европски фудбалски великани одигран ноќеска на стадионот „Орландо Ситрус Боул“ во САД, Барселона го победи Манчестер сити со 4:1 на пенали.

Основниот дел од натпревар заврши нерешено 2:2. Головите за Каталонците ги постигнаа Пабло Торе и Пау Делгадо. Нико О’Рајли и Џек Грилиш погодија за англискиот тим.

Во пенал рулетот, Барселона беше непогрешлива, додека единствен стрелец за Сити беше Амар Ахмед Фатах.