Connect with us

Тајмаут

Барселона го покажа новиот дизајн на нивните дресови

Барселона го покажа дресот за натпреварувањата во сезоната 2019/2020 и буквално ги изненади своите фанови со неговиот дизајн. Наместо традиционалните линии, на предната страна има квадрати и ова се случува за првпат во историјата на клубот. Според изјавите, дизајнот е инспириран од градот Барселона, односно специфичните блокови во областа Eixample во која се наоѓаат згради што се дизајнирани од познатиот Гауди.

На новиот дрес има промена на позицијата на каталонското знаме. Тоа до сега се наоѓаше на задната страна од вратот, а сега е позиционирано напред во V делот.

Продажбата на новите дресови е почната во сите официјални продавници на Барса и заедно со него има и син шорц и сини чорапи со црвени детали.