Connect with us

Фудбал

Барселона го продаде Нелсон Семедо

Португалскиот десен бек ќе ја продолжи кариерата во редовите на англиски Вулверхемптон, а трансферот наскоро и официјално ќе биде потврден.

На почетокот на неделава Семедо ќе биде подложен на лекарски прегледи кај Волците, со кого ќе потпише договор до 2025 година.

Така, 26-годишниот дефанзивец ќе ја зголеми колонијата на португалски фудбалери во Вулверхемптон, а Барселона ќе може да започне преговори со неговата замена.

Во моментов се водат преговори со играчот на Ајакс, Сежино Десто, но и Баерн покажува интерес за ова момче, па Барса е пред тешка задача.