Connect with us

Фудбал

Барселона го продава Бразилецот на попуст

Како што стојат работите, во Барселона се помириле со фактот дека нема да можат да ги вратат вложените пари за Фелипе Кутињо. Но, од друга страна ниту Баерн Минхен не сака да го откупи, каде што во моментов настапува како позајмен.

Она што е проблем е дека нема ниту заинтересирани клубови, пред се поради високата цена. Барселона го купи пред две години за 145 милиони евра, но таа сума не може да ја врати.

Поради тоа „Мундо Депортиво“ пишува дека Кутињо ќе биде на попуст, односно Барселона би се задоволила со 80-90 милиони евра.