Фудбал
Барселона и Ливерпул во јануари прават совршена размена на играчи!?
Се подготвува совршена зимска размена меѓу двата големи европски тимови. Станува збор за Ливерпул и Барселона, кои би можеле да завршат одлична работа што на крајот би ги оставила презадоволни и двата тима.
Така, Роберто Фирмино би требало да се пресели во Барселона, додека актуелниот напаѓач на тимот од Шпанија, Мемфис Депај би заминал во Ливерпул.
И двајцата фудбалери се во последната година од договорите, па шансите да добијат продолжување се речиси нула, што ја прави оваа размена уште пологична.
Депај веќе летото бараше излез од Барселона, но на крајот мораше да остане барем до јануарскиот преоден рок, а слична беше ситуацијата и со Фирмино во Ливерпул.
Фирмино на тој начин би пристигнал во Барселона како алтернатива за Левандовски, а во прилог му оди и тоа што на Чави му се допаѓа неговиот стил на игра.
Од друга страна, Депај не успева да се наметне кај Чави, но секако би ја засилил конкуренцијата кога се во прашање напаѓачките опции со Клоп во Ливерпул.
Со доаѓањето на Нуњез јасно е дека Фирмино нема долгорочна иднина во клубот и секако не сакаат да го загубат без никаква заработка.
Ова е можеби најдоброто решение за двете страни, особено што Депај е три години помлад од Фирмино, па нивните улоги во клубовите би биле многу логични.
На крајот треба да почекаме јануари и да видиме дали ќе се случи оваа размена.