Connect with us

Фудбал

Барселона и Манчестер Јунајтед притискаат, но напаѓачот ги израдува фановите на италијанскиот клуб

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез ги смири приврзаниците на „нероазурите“, откако изјави дека е среќен во клубот.

Интерес за него има од шпанскиот гигант Барселона, но и од Манчестер Јунајтед. Во сите натпреварувања, оваа сезона Мартинез постигна 14 голови.

– Јас давам се од себе на теренот за Интер и фокусот ми е на тоа. Среќен сум во клубот и се обидувам да работам напорно и да останам фокусиран. Работиме напорно за да извлечеме максимум од овој момент. Среќни сме затоа што добро напредуваме., изјави Мартинез по победата над Наполи од 3:1 во која тој постигна еден гол.