Connect with us

Фудбал

Барселона инкасира 30 милиони од Тигрињо

Барселона е во завршна фаза од преговорите со Спортинг Лисабон за продажба на напаѓачот Витор Роке, објави трансфер експертот Фабрицо Романо.

Зделката ќе биде вредна 30 милиони евра, на кои ќе се додадат бонуси врз основа на настапот на Роке во Спортинг. Во моментов се прецизираат последните детали за трансакцијата.

Во исто време, Порто исто така е во преговори со Барселона за Витор Роке, а змејовите гледаат на Бразилецот како алтернатива на Еванилсон, кој летово му се приклучи на Бурнмаут.