Connect with us

Фудбал

Барселона ќе добие дозвола, кој ќе биде новиот напаѓач?

Барселона ќе добие дозвола од Фудбалскиот сојуз на Шпанија за нов напаѓач надвор од преодниот рок, откако извештаите потврдија дека Осман Дембеле ќе отсуствува шест месеци. Денеска попладне спортскиот директор Ерик Абидал и тренерот Кике Сетјен ќе имаат состанок на кој ќе се разговара.

Но, има проблем, кој е мал, но може да биде голем. Информациите велат дека Барселона сега нема пари за голема инвестиција, а стравуваат да не им се повторни Кевин Принс Боатенг од минатата сезона.

Каталонците планираат да потрошат околу 15 милиони евра за вонредниот трансфер, а првите две опции се Вилијан Хозе од Реал Сосиедад и Родриго Морено, кои се многу поскапи од ова. Се чини дека од сите имиња кои се спомнуваат е Анхел од Фетафе.