Connect with us

Фудбал

Барселона на англиски тимови дава напаѓач на „подарок“?!

Фудбалскиот клуб Барселона е подготвен взаемно да го раскине договорот со Мемфис Депај.

Холанѓанецот не е во плановите на Чави, бидејќи пред него се Роберт Левандовски, Ансу Фати, Феран Торес, Усман Дембеле и Рафиња.

Депај остана кога Пјер-Емерик Обамејанг замина во Челзи, верувајќи дека ќе има шанса. Тој играше солидно во септември пред паузата, но потоа заработи повреда со репрезентацијата која го оддалечи од игра во изминатите два месеци.

Во меѓувреме, Барса пресмета дека неговото заминување ќе им овозможи да купуваат во јануари, што е неопходно според мислењето на Чави. Чави сака десен бек, бидејќи не смета на Хектор Белерин, но му треба некој да замине за засилувања. Исто така, се споменува дека Барса би можела да го засили средниот ред, и да се подготви за живот без Серхио Бускетс, а опција за „ниска цена“ е Јури Тиелеманс, кому договорот му истекува на лето.

Барса му нуди взаемно раскинување на Депај шест месеци пред неговиот официјален истек на 30 јуни 2023 година.

Холанѓанецот наводно ќе го прифати ова, но под услов да добие понуда од голем клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, а се споменуваа и Тотенхем, како и Манчестер Јунајтед – ривалите на Барса во Лига Европа.

И во каталонскиот клуб процениле дека платата на Депај е превисока за да му понудат продолжување на соработката, па сметаат дека раскинувањето е најдоброто решение за сите.