Connect with us

Фудбал

Барселона наскоро седнува на маса со таткото на Меси, дали ќе има договор?

Барселона упорно се обидува да го продолжи договорот со Лионел Меси, кој вешто, од засега непознати причини, ја избегнува оваа тема со раководството на тимот. Според шпанските медиуми, во текот на наредната недела, Каталонците треба да седнат на иста маса со таткото на Лионел, Хорхе Меси, кој воедно е негов менаџер.

Договорот на Лео му истекува во 2021 година, а Барселона планира да издејствува соработката да биде продолжена уште сега за дополнителни две години.