Connect with us

Фудбал

Барселона не успеа да го пријави Кунде за натпреварот со Сосиедад

Барселона не успеа да го пријави дефанзивецот Жил Кунде за второто коло од шампионатот на Шпанија, објави „ЕСПН“.

Каталонците не можеа да го пријават новајлијата, купен за 55 милиони евра од Севилја, во составот за неделниот натпревар од второто коло на шампионатот на Шпанија со Реал Сосиедад.

На 28 јули Барселона на својата веб-страница објави дека постигнала начелен договор со Севилја за трансферот на Кунде.

Минатата сезона Кунде одигра 44 натпревари за Севилја, постигнувајќи три гола и една асистенција.

Барселона вечер од 22 часот му гостува на Реал Сосиедад во 2.коло на Ла лига.