Connect with us

Фудбал

Барселона одлучи: Новиот Меси не заминува за помалку од 400 милиони

Тинејџерската сензација Ансу Фати (17), кој експлодираше оваа сезона во дресот на Барса, го продолжи договорот до 2022 година, со можност за продолжвање на соработката за уште две години.

Покрај тоа, Барселона одлучи да ја зголеми откупната клаузула за него од 100 на 170 милиони евра, која ќе биде на сила се додека не наполни 18 години, а тоа е за една година.

Тогаш ќе се активира друга клаузула која вели дека Ансу Фати нема да може да замине за помалку од 400 милиони евра, освен ако клубот одлучи да го продаде.

Фати постигна гол за Барселона со 16 години и 304 денови, со што стана најмладиот стрелец во историјата на каталонскиот клуб. Тој воедно е најмладиот фудбалер кој го носел овој дрес во Лигата на шампионите. На 11 мечеви оваа сезона (вкупно 408 минути на терен), младиот Шпанец постигна два гола и една асистенција.