Connect with us

Фудбал

„Барселона“ остана без Дани Олмо до крајот на сезоната

Ла Лига не дозволи „Барселона“ да го регистрира европскиот шампион Дани Олмо до крајот на сезоната.

Причина за одлуката се финансиските проблеми на Каталонците. „Барса“ нема претставено алтернатива за исполнување на условите за регистрација, соопштија од лигата.

Клубот претходно залудно се обидуваше да го регистрира Олмо преку Стопанскиот суд.

Барселона се обиде да ја затвори финансиската дупка со 100 милиони евра од продажбата на ВИП кутии на надградениот стадион Ноу Камп на арапски инвестициски фонд за да го реши проблемот.

Сепак, Ла Лига не даде зелено светло бидејќи не беа оценети сите гаранции за исплата на овие договори.

Така во тимот на „Барса“ по повреда се враќа Андреас Кристенсен, поради чија повреда Олмо настапуваше за Каталонците во првиот дел од сезоната.

Според неговиот агент Енди Бара, играчот од средниот ред нема да игра за друг тим, туку ќе тренира со „Барселона“ до лето.