Connect with us

Фудбал

Барселона платила 1 000 000 евра на измамник за трансферот на Роберт Левандовски

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона беше жртва на измама во 2022 година и за малку ќе останела без милион евра поради невнимание, откриваат сега каталонските медиуми. Настаните се случија летото 2022 година кога Барселона потпиша со Роберт Левандовски и сега се појавија на виделина откако беше спроведена истрага од страна на програмата Que t’hi Jugues и SER Catalunya заедно со Paper Trail Media од Германија и специјалистот за медиуми за меѓународна Истрага на организиран криминал (OCCRP).

На крајот на јули 2022 година, откако Барселона го донесе Роберт Левандовски за 45 милиони евра плус бонуси, на електронската пошта на шефот на клубот пристигна порака од измамник кој се претставил како Пини Захави, менаџерот на Роберт Левандовски. Во мејлот е побарано да уплатат дел од провизијата за потписот на фудбалерот на сметка во Банката на Кипар. Од нив било побарано да платат провизија од милион евра, а сите информации за уплатата биле дадени во мејлот. Барселона ги плати парите, но клучниот потег го одигра банката која ја блокирала трансакцијата. Сметката добила приход од еден милион евра, но Одделот за усогласеност на Банката го блокирал трансферот бидејќи го окарактеризирал како „висок ризик“ бидејќи немало претходни трансакции на сметката. Исто така, сметката била отворена тој месец и сопствениците немале валиден документ за да го оправдаат плаќањето.