Connect with us

Фудбал

Барселона понудила 15 милиони евра за тинејџер, веднаш одбиена

Барселона веќе извесен период ги следела настапите на Карим Адејеми, германски фудбалер кој во моментов настапува за Лиферинг во Австрија, во тамошната втора лига.

Оваа сезона тој покажува неверојатни способности, а во овој клуб 17 годишниот напаѓач настапува на позајмица од Лајпциг. Барселона се интересира за неговите услуги. Меѓутоа не единствениот клуб, бидејќи тука се Ливерпул и Арсенал кои веќе ги контактирале челните луѓе на Лајпциг.

Наводно, Барселона понудила 15 милиони евра, но понудата веднаш била одбиена.