Фудбал
Барселона размислува да го доведе Дембеле на тренинг
Трансферот на Усман Дембеле од Барселона во Пари Сен Жермен, кој се сметаше за сигурен и прашање на денови, изненадувачки е одложен, а според „ Марка “ вината е во францускиот клуб. Во оваа насока, Каталонците сега размислуваат да го обврзат играчот да се пријави на тренинг утре, бидејќи во реалноста тој се уште важи за фудбалер на тимот.
Пред неколку дена се дозна дека ПСЖ ја активирал откупната клаузула на напаѓачот која е вредна 50 милиони евра. Сепак, не следеше развој како закажување медицински прегледи, официјална потврда од двата клуба итн.
Воедно, во последните неколку дена играчите на Барса добија пауза, но на почетокот на следната недела ќе продолжат со активностите бидејќи се ближи и стартот на сезоната во Ла Лига. Затоа Камп Ноу сега мора да одлучи што ќе прави со Дембеле.