Connect with us

Фудбал

Барселона се мисли – првата понуда за Јовиќ 56 милиони евра

Според последните информации во трката за ангажман на српскиот напаѓач влегол Баерн и тоа она како што Германците знаат. Прецизно и брзо. На адреса на Ајнтрахт пристигнала понуда вредна 56 милиони евра што е прв пат некој клуб конкретно да истакне колку е спремен да плати за Јовиќ.

Eкипата на Барселона веќе со недели се поврзува со Лука Јовиќ. Меѓутоа „Мундо Депортиво“ денес пишува дека и покрај тоа што Каталонците 16 пати во живо го гледале Јовиќ би можеле да извисат кога во прашање е неговиот потпис.