Фудбал
Барселона, сепак, нема да му плати на Ливерпул ниту едно евро за Кутињо, а се знае и зошто
Веднаш откако Баерн ја освои Лигата на шампионите, реактивирана е приказната дека Барселона мора да плати на Ливерпул 4,5 милиони фунти.
Веќе некое време во медиумите кружат гласини дека Барселона ќе мора да плати одредена сума пари на „црвените“ во случај на конечна победа на Баерн во елитното натпреварување.
Кога Филипe Кутињо пристигна на „Ноу Камп“ во договор полн со клаузули еден се однесуваше и на освојување на Лигата на шампионите. Во случај Бразилецот да успее, Ливерпул би добил бонус од 4,5 милиони евра.
Кутињо го стори тоа, но како играч на Барселона кој беше позајмен во Баерн. Од таа причина Мундо Депортиво се консултираше со каталонскиот клуб и доби објаснување.
Барселона објасни дека ова е клаузула која може да се активира само доколку Кутињо стане европски шампион во дресот на Барса, што не е случај овој пат.
Ливерпул, од друга страна, верува дека клаузулата се однесува на играч што ја освои Лигата на шампионите, а не на Барселона.
Сепак, веќе се одлучиле на „Ноу Камп“, а на „Енфилд“ на секое прашање за 4,5 милиони фунти ќе добијат негативен одговор. Патем, за Кутињо беа исплатени 120 милиони евра.