Connect with us

Фудбал

Барселона сигурна против Шахтјор, Феенорд подобар од Лацио

Завршија натпреварите од третото коло на Лигата на шампионите кои започнаа во 18:45. Барселона на домашен терен го совлада Шахтјор со 2:1, а исто така и Феенорд на бомашен терен беше подобар од ЛЛацио со 3:1.

Барселона го отвори резултатот во 28. минута од натпреварот, а мрежата на Шахтјор ја затресе Феран Торес. Во 36. минута од натпреварот Фермин Лопез зголеми на 2:0 за домашните.

Во 62. минута од натпреварот Георгиј Судаков намали на 2:1, а воедно тоа беше и конечниот на натпреварот.

Феенорд во 31. минута од натпреварот дојде до водстов со голот на Хименез, а потоа Зеруки во втората минута од судиското надополнување од првиот дел зголеми на 2:0.

Во 74. минута повторно Хименез ја затресе мрежата на Лацио за високи 3:0. Педро во 83. минута од натпреварот погоди за Лацио од пенал и ги постави конечните 3:1 на натпреварот.