Connect with us

Фудбал

Барселона тргнува од кај што застана, нова понуда за Кутињо во јануари

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона се спремни да испратат нова понуда ќе се испрати до Ливерпул за Филипе Кутињо, а додаде и дека клупскиот буџет за актуелната сезона изнесува рекордни 897 мил. евра.

Подготвени сме да ги осигураме услугите на Кутињо за време на зимскиот преоден рок, или да ги осигураме услугите на тој играч кој ќе биде побаран од стручниот штаб. Сепак, најважно е да се прилагодиме на актуелната ситуација, ако биде купен некој фудбалер, тогаш ќе мора и да продадеме некој фудбалер. Мора да ја заборавиме сумата која беше одвоена за услугите на Неимар. Откако ги подмиривме даночните обврски, добивме 188 мил. евра, а директното финансиско влијание на тој трансфер изнесуваше 144 мил. евра, изјави Грау.

Барселона откри дека “црвените” побарале 200 мил. евра за обесштетувањето на Кутињо, но таквата информација експресно беше демантирана од челниците на англискиот премиерлигаш.