Фудбал
Барселона зема големи таленти од Германија
Барселона е блиску до потпис со 16-годишниот талент Ноа Дарвич од Фрајбург . Двата клуба се уште преговараат за трансферната сума, но не е далеку од договор. Според последните информации, Каталонците ќе платат 3 милиони евра, а 2 милиони ќе бидат во бонуси.
Дарвич е репрезентативец на Германија во селекцијата до 17 години, која пред два месеци го освои Европското првенство. На првенството беше капитен на тимот, постигна два гола и четири асистенции. Не е јасно дали Барселона размислува веднаш да го интегрира Дарвих во првиот тим, бидејќи поверојатно е тој да биде испратен во академијата.