Connect with us

Фудбал

Бартомеу: „Сакаме со највисоко ниво да се почитуваат желбите на Каталонскиот народ“

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека е во исчекување на исходот од разговорите меѓу Мадрид и каталонски политичари во врска со ситуацијата во земјата и побара да се дозволи Каталонците да одлучи за својата иднина.

Референдумот за независност во Каталонија не го заобиколи нит клубот од „Камп Ноу“ ниту неговите играчи, особено Жерар Пике, кој ја критикуваше владата за насилство на изборите и јавно даде поддршка за независност.

Барселона, една од најголемите институциите во земјата, бара процесот на дијалог и преговори со цел да се најде решение за ситуацијата во Каталонија. Сакаме тоа да се направи со највисоко ниво на почитување на желбите на каталонскиот народ и неговата иднина. Ние сме „повеќе од клуб ” и наша должност е да застанеме зад над нашиот народ во ваков тежок момент, се вели во соопштението на клубот, потпишан од страна на претседателот Жозеп Мариа Бартомеу.

Од таму порачаа со дијалог по мирен пат да се реши спорот меѓу Мадрид и Каталонија.