Connect with us

Фудбал

Бартомеу застана пред микрофонот, го откри името на новиот тренер и ја објави иднината на Меси

Најголемата криза во последните 20 години ја тресе Барселона, капката која ја прелеа чашата беше убедливиот пораз во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Баерн со 8:2.

По неколку дена молчење и размислување, првиот човек на клубот, Јосеп Марија Бартомеу, застана пред микрофонот и камерата на официјалната телевизија на Барселона.

Бартомеу рече дека нов тренер на тимот ќе биде Роналд Куман, под услов да нема промени во наредните денови.

„Ако нема промена во наредните денови, Куман ќе го преземе водството над тимот. Ние го одбравме него заради неговото искуство и филозофија, а и тој го познава клубот“, изјави тој за Бартомеу.

Бартомеу исто така одговори на прашањето што најмногу ги интересира навивачите, не само на Барселона, туку и на другите клубови.

„Меси има договор до 2021. година, знае дека започнува новиот проект, дека доаѓа нов тренер. Нема дилема. Сигурно ќе остане. Сега сите сме разочарани, но промените ќе не охрабрат“, рече Бартомеу

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com