Connect with us

Фудбал

Бејл ги пропушта преостанатите натпревари од квалификациите за Светското првенство

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл поради повреда нема да ги игра преостанатите две натпревари за Велс во квалификациите за Светското првенство во Русија против Грузија и Република Ирска.

Велшанецот настапи за Реал во Лигата на шампионите против Дортмунд, пред седум дена, а во неделата го пропушти натпреварот со Еспањол во шпанското првенство. Следниот натпревар во лигата на шампионите против неговиот екс-клуб, Тотенхем, е под знак прашалник.

 

Велс е втор во групата и со две победи најмалку ќе обезбеди бараж за Мундијалот.