Connect with us

Други спортови

Бекер: Не се чувствувам како Германец, Лондон е мојот дом

Борис Бекер, изјави дека не се чувствува како Германец и не сака да се врати во земјата каде што е роден.

Јас имам германски пасош, но не се чувствувам како Германец. Веројатно никогаш нема да се вратам во Германија. Би сакал да бидам закопан во Вимблдон, Лондон е мојот дом, изјави Бекер за британскиот весник „Метро“.

Тој уште еднаш негираше дека банкротирал, но не сакаше да соопштува детали.

50-годишниот Бекер во својата богата кариера освои вкупно 49 титули, вклучувајќи три трофеи на Вимблдон во 1985, 1986 и 1989 година.