Connect with us

Фудбал

Белгиската ѕвезда за Куртоа: Разбравме што направи

Фудбалската репрезентација на Белгија ремизираше 1:1 со Австрија на домашен терен во натпреварот од второто коло од групата Ф квалификациите за Европското првенство. Пред натпреварот одличниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, доби признание за 100-от настап во репрезентативниот дрес, а ден по натпреварот се појави информација дека тоа може да му биде и последен.

Тој наводно се налутил на некои соиграчи по ремито и не бил дел од репрезентацијата за победата од 3-0 на гостувањето кај Естонија. Куртоа беше налутен и од одлуката на тренерот Доменико Тедеско за тоа што капитен беше Ромелу Лукаку против Австрија во отсуство на Кевин Де Бруин, а не тој. Тедеско наводно одлучил Куртоа да биде капитен против Естонија, но тој сакал да биде капитен на двата натпревари.

По се, Куртоа се огласи на социјалните мрежи и го обвини Тедеско дека лаже, а заминувањето од репрезентацијата го оправда со здравствени проблеми. За оваа ситуација зборуваше Јаник Караско, соиграчот на Куртоа од репрезентацијата. Напаѓачот на Атлетико му се жали на Куртоа при излегувањето:

„Јасно ни е што направи Куртоа, имавме средба со тренерот за тоа. Бевме разочарани од неговата реакција бидејќи лентата е само детал. Тој е еден од тројцата капитени во тимот и треба да докаже со своите однесување дека е лидер. Дали навистина е во прашање лекарски преглед, не знам, но една од причините за заминување е тоа што не ја доби капитенската лента“, изјави Караско за „RBTV“.