Connect with us

Фудбал

Бен Арфа кај Роналдо, но не Португалецот туку „Феноменот“

Францускиот фудбалер од средниот ред Атем Бен Арфа се пресели во Ваљадолид, објави клубот на својата веб-страница.

Триесет и двегодишниот Французин се обврза да игра за шпанскиот клуб до крајот на сезоната.

Бен Арфа нема официјалните натпревари осум месеци. Од 1 јули тој беше со статус на слободен агент откако го напушти Рен.

Ваљадолид по 21. коло го зазема 16. место во Ла Лига со 22 бода. Сопственик на шпанскиот тим е легендарниот фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо, или како што го нарекуваат „Феноменот“. Тој е сопственик на 51 процент од клубот.