Connect with us

Фудбал

Беневенто има нов тренер

На местото на отпуштениот Марк Барони, во продолжението од сезоната, калчолигашот Беневенто ќе биде предводен од Роберто де Зерби.

Причина за смената на тренерската позиција кај „новајлијата“ во Серија А е ниту еден освоен бод во деветте рунди оваа сезона.

– Беневенто информира дека спортскиот директор и првиот тренер на тимот, Салваторе ди Сома и Марко Барони, се разрешени од своите должности. Клубот им посакува се најдобро во нивните кариери и им се заблагодарува за професионализмот и емоциите што му ги дале на овој клуб, навивачите и градот со пласманот во Серија А, стои во клупското соопштение.

Во следниот круг, Беневенто утревечер со новиот тренер Де Зерби ќе му гостува на Каљари во обид да го освои првиот бод во Серија А.