Connect with us

Фудбал

Бенитез го напушта Њукасл и се сели во Лондон?

Менаџерската позиција на Англискиот Премиерлигаш Вест Хем во моментов е празна откако клубот го напушти Дејвид Мојс.

До несогласување со Шкотланѓанецот дојде по истакнувањето на краткорочни соработка, а како што пренесува угледниот „Скај Спорт“, на местото на Мојс би можела да дојде поранешниот тренер на Валенсија, Ливерпул, Челзи, Наполи, Интер и Реал Мадрид, Рафаел Бенитез

Бенитез одби понудата на Наполи, бидејќи тој сака да остане во Премиер Лигата, а дали ќе добие шанса да го преземе Вест Хем, останува да се види.

„Нашата цел е да вработиме големо име на менаџерското место, кој ќе го води клубот во иднина. Тоа ќе го направиме во следните десет дена“, се вели, меѓу другото, од Вест Хем.

Шпанецот во моментов е во Њукасл, кој под негово раководство ја заврши сезоната на 10. позиција. Клаузулата за откуп во неговиот договор изнесува 6 милиони фунти.