Connect with us

Фудбал

Бери нов рекордер по премиерлигашки настапи

Фудбалерот на ВБА Герет Бери синоќа го одигра 633. натпревар во Премиер лигата и стана играч со најмногу настапи во историјата на најсилната англиска лига.

Досегашниот рекордер во оваа категорија беше легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс со 632 одиграни натпревари.

36-годишниот Бери првиот свој меч во Премиер лигата го одигра 1988 година во дресот на Астон Вила, потоа играше за Манчестер Сити и за Евертон, а сега е член на Вест Бромвич Албион. Тој во Премиер лигата има постигнато 52 гола, а остварил и 63 асистенции.

– Не придавав многу внимание на рекордот, но секако годи едно вакво достигнување. Убаво е да се дојде до овој број. Имаше големо внимание за овој податок од страна на медиумите, но верувајте јас многу не размислував за тоа кој е пред мене, а кој зад мене, бидејќи сум концентриран на работата, изјави Бери.

Меѓу многубројните честитки за новиот рекордер, беа и оние од досегашниот рекордер Рајан Гигс, како и од менаџерот на ВБА, Тони Пјулис.

– Бери секогаш професионално си ги извршувал задачите и се надеваме дека ќе продолжи да игра во ист стил до крајот на сезоната, изјави Пјулис.