Connect with us

Фудбал

Бернардо е очаен за преселба во Барселона, овој пат можеби ќе успее

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва е речиси очаен во желбата да го напушти клубот и да се приклучи на Барселона , тврди каталонското издание „ Спорт “. Веќе минатото лето се тврдеше дека играчот од средниот ред имал голема желба да игра на Камп Ноу, но тогаш Пеп Гвардиола го убедил да остане уште една сезона, по што би можел да замине.

Тешката финансиска состојба на Каталонците до тој момент не им дозволуваше да прават скапи зделки, токму поради оваа причина не се ни споменуваше името на Бернардо. Сега, сепак, повторно доаѓа до израз, бидејќи се очекува до крајот на неделата да се разделат со Усман Дембеле , за кого ќе треба да се бара замена, а Португалецот е тој што изгледа како најверојатен опција. Тој може да му биде исклучително корисен на Чави со своето искуство и со способноста да се користи на неколку позиции во средниот ред и крилните позиции.

Барселона и Манчестер Сити се во одлични односи и во последните неколку години спроведоа голем број зделки главно во правец од Островот кон Континентот. Илкај Гундоган за последен пат летово ги смени „граѓаните“ со тимот на Каталонците.