Connect with us

Фудбал

Бесниот Мурињо го прекина молкот, го цитираше Цицерон на Инстаграм

Жозе Мурињо збесна по натпреварот од 15. коло на Серија А во кој неговата Рома одигра 1:1 со Фиорентина. Неговиот тим го дочека крајот на натпреварот со два играчи помалку на теренот откако црвени картони добија Никола Залевски (64.минута) и Ромелу Лукаку (87.). Португалскиот стручњак беше толку лут што не дојде ниту на прес-конференцијата по натпреварот.

Сепак, Мурињо го прекина молкот. Тоа го направи на Инстаграм, каде што го објави моментот на контакт со кој Лукаку доби директен црвен картон, пишувајќи: „Тишина е една од големите уметности на разговорот, Маркус Тулиус Цицерон, старата римска мудрост“.

Тој им се заблагодари и на навивачите на Рома кои со транспарент побараа да му биде продолжен договорот, а потоа и на момчето кое ги собраше топките и му го подаде парчето хартија на голманот Руи Патрисио на кој Мурињо со хемиско пенкало нацрта како сака неговиот тим да игра по втората суспензија.